Трогателна виетнамска приказна! По 32 години повторно со мајка му!

3 октомври, 20110
001

Американските војници одвеле 3000 деца од Виетнам пред падот  на Сајгон, денешен Хо Ши Мин, бидејќи се стравувало дека комунистите ќе ги убијат зошто биле мешана раса.

Џонатан цел свој живот ја барал својата мајка.

Американецот со виетнамско потекло Џонатан Фримен (43) последен пат ја видел својата мајка на седум години. Тој бил меѓу 3000-те деца кои америкаснките војници ги одвеле од Сајгон во операцијата “Бејбилифт“. Сајгон, денешен Хо Ши Мин потоа во 1975 година бил окупиран од комунистичките сили. Се стравувало дека тие имаат план да ги убијат децата кои биле од мешани раси.

Овие 3000 деца биле сместени во разни делови од светот, а најголемиот дел од нив оттргнати од своите биолошки родители, а еден од авионите кои ги превезувале децата се срушил.

Џонатан Фримен бил дел од тие 3000 деца кои американските војници ги спасиле. Тој по 32 години успеал да ја пронајде својата мајка, за кого таа мислела дека е мртов во авионската несреќа.

„Ми се чинеше дека повторно имам седум години. Неможам да го оопишам тоа чувство. Сакав да се врати со мене во САД, но таа не сакаше. Инсистираше да остане во Виетнам. Но, затоа сега се слушаме секој ден“, изјавил Џонатан.

Неговата упорност и одлучност на крајот се исплатела. Тој успеал преку интернет страници да стигне до својата мајка. На сите во светот им порачал да не се откажуваат од ништо.

„Никогаш не е доцна“, изјавил Фримен, кој искрено се надева дека од неговата животна сторија ќе се направи документарец.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi