TSA, Американската национална агенција која ги контролира аеродромите во САД, се повеќе ги заострува своите методи на контрола на патниците. Според нив атрактивни девојки се можни терористи, потоа хендикепирани лица со нивните колички се исто така мета на детален претрес, а веќе отишле и дотаму да почнале да вршат претрес и на бебиња, поточно нивните пелени, како потенцијално место за криење на експлозив. Таков претрес се случил пред некое време на аеродромот во Канзас.
Останува прашањето дали TSA претерува во надлежностите на контрола на патниците, и дали ги прекршува човековите права.