Туристички потег или глупост?! Изградија облакодер во село :)

10 октомври, 20110
150084-12

Облакодер висок 328 метри е новата атракција во кинеското село Хуанкси, кое го ужива угледот на најубавото село во Кина. Ова село се наоѓа на југот на провинцијата Џангсу, а деновиве повторно го сврте вниманието на јавноста не само поради величественоста на новата зграда, туку и поради големата статуа на бик која се наоѓа на врвот на облакодерот, за кого било потребно дури еден тон злато да се изработи.

Изградбата на облакодерот наречен „ Zengdi Kongzhong New Village Building”зпочнала пред 4 години во 2007, а за посетители е отворена на 8 октомври 2011 година, по повод 50 годишнината од основањето на селото.

Во оваа градба се вложени дури три милијарди јуани (350 милиони евра). Зградата која е предвидена да служи како хотел, има 74 спратови, а неодамна било завршено со декорирање на ентериерот. Оваа градба се запиша во листата на највисоки згради на светот и тоа на 15-то место во светот, а на осмо место во Кина. Зградата во иднина кога ќе се пренамени во хотел “Longxi International”, ќе понуди работа на 3000 лица.

Во зградата има 826 простории, во пет оддела се наоѓаат пет статуи на бикови направени од злато, сребро, бакар, железо, калај, кои ги симболизираат петте елементи на на кинеската култура: метал, дрво, вода, оган и земја. Секако најголемо внимание привлекува златниот бик на врвот од градбата, кој воедно е најскап и чини 300 милиони јуани или 350 илјади евра.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi