Туристите бегаат од Атина

8 јули, 20110
acropolis
На Атина и’ се заканува “туристички банкрот“, затоа што за само една недела откажани се осум илјади ноќевања во 20 хотели во центарот на градот. Исплашени од последните нереди, во кои, во знак на несогласување со владините мерки за штедење главниот град на Грција беше демолиран, странските туристи ги откажуваат аранжманите.
Хотелската асоцијација на Атина упати апел до владата итно да преземе мерки против насилството и вандализмот, зошто во спротивно, главниот град ќе остане без туристи.
Премиерот Јоргос Папандреу, исто така, предупреди дека постои опасност нередите да го одведат општеството во варварство, а алудирајќи на враќањето на ситуацијата од минатото, потсети дека загрозувањето на демократските институции веќе еднаш доведе до рушење на демокаратијата.
Извор: Нетпресс

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi