Само половина сочен грејпфрут ги обезбедува секојдневните потреби за витамин Ц и е совршен извор на витамин А. Витамински гледано грејпфрутот има дополнителна вредност бидејќи создава чувство на ситост,а од друга страна има многу малку калории.
Грејпфрутот помага во симнувањето килограми, а научниците сметаат дека најдоброто кај сокот од грејпфрут е неговата способност да го намалува инсулинот во крвта. Инсулинот се користи за разградување на шеќерите, а како што тој подобро се метаболизира поголема е веројатноста да биде депониран како масни резерви.
Според едно ново истражување, црвениот грејпфрут особено може да помогне во намалување на холестеролот.
Имено, испитаниците биле поделени во три групи кои биле на режим на исхрана со намален број на калории, со тоа што првата група дневно внесувала и 1 црвен грејпфрут, втората 1 жолт грејпфрут, додека третата група била само на регуларен режим.
Групата која конзумирала црвен грејпфрут најмногу го намалила ЛДЛ-холестеролот. Кај нив исто така се намалило и нивото на триглицериди во крвта, додека во другите две групи нивото не се променило значително.
Црвениот грејпфрут има повеќе антиоксиданси од обичниот, па тоа сигурно е причината за неговиот ефект врз триглицеридите. Совет на истражувачкиот тим е да луѓето кои имаат високо ниво на холестерол во крвта треба да вклучат и грејпфрут во секојдневната исхрана, и тоа по можност црвен.
Сепак, потребна е консултација со лекар пред да се започне со секојдневна консумација на грејпфрут, бидејќи тој има реакција со некои лекови.