Убедлив триумф над Естонија, Македонија пред пласман на Евро шампионатот

Најдобрите македонски ракометари се на чекор од пласман на Континенталниот шампионат што идната година ќе се одржи во Србија, откако денеска во Полва против домаќинот Естонија славеа со 31:25.
По денешниот триумф, в недела ни е потребен бод против Босна и Херцеговина на домашен терен, за по 13 години повторно да бидеме дел од еден Евро шампионат. Евентуално, и да загубиме од БиХ, за да ‘обезбедиме виза’ за во Србија, потребно ќе биде Естонија да загуби од Унгарија.
Македонските ракометари имаа контрола врз резултатот во текот на целиот меч, на одмор заминавме со предност од 14:8. Во вториот дел Естонците влегоа поагресивно и успеаја да ја намалат разликата на нашите најдобри ракометари, но сепак ние до крајот не го испуштавме водството.