Убивав за Гадафи! Морав…ме силуваа…

30 август, 20110
naslovna.48

„Убив 11 луѓе во рок од три дена. Не знам за што се виновни, но ги убив бидејќи морав. Не ги ни гледав, ја вртев главата настрана и пукав, кажува Нисрен Мансуа ал Форгани, 19-годишна девојка која работела како професионален убиец за полковникот Муамер Гадафи.

Ова го признала во болницата во Триполи, во која таа сега лежи врзна за кревет, откако при бегство скокнала од вториот кат на една зграда.

Нисрен е само една од низата девојки кои убиваат за Гадафи, а својата приказна им ја раскажа на странски новинари. Таа кажува дека вечерта кога се повредила, пукала под голем притисок, а била и сексуално злоупотребувана од војници со повисок чин.

„Им кажав на бунтовниците што сторив. Се плашам и не знам што ќе ми направат сега“, се отвори пред новинарите.

Понатаму, таа кажува како некоја пријателка на мајка ѝ била водич на женскиот огранок во популарната Гардиска полиција на Гадафи и тоа ја донело Нисрен во редовите на војската. Претходната година таа го напуштила факултетот со намера да се грижи за мајка си, која била болна од рак. Наместо тоа, пријателката ја регрутирала во полицијата.

„Во женската полиција имаше околу 1000 девојки од сите краеви на Либија. Не учеа како да ракуваме со оружје, а мене ме обучуваа за снајперист“, вели несреќната Нисрен.

Многу други девојки биле, исто така, силувани од војниците на Гадафи. Но, за тоа не смееле да кажат на никој.

Нисрен не се ни сеќава на луѓето кои ги убила. „Не се сеќавам на нивните ликови. Повеќето од нив беа млади, како нас“, низ солзи им говори Нисрен на новинарите од “Daily Mail“.

„Убив 11 луѓе за нешто повеќе од три дена. Не знам дали се за нешто виновни, но морав. Ништо не знам за нив, пукав за да се спасам себе си“, вели Нисрен која по последната акција скокнала од втор кат и завршила в болница.

Сега се наоѓа во болница, каде заздравува и чека некој да реши за нејзината судбина. За жал, пеколот низ кој поминала таа, ги има снајдено многу други девојки од женската полиција на Гадафи. Повеќето од нив не ни знаат зошто се борат на страната на Гадафи. Некој друг ја носи таа одлука за нив.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi