Никој не верувал во приказната на 15 годишниот Хулио Артуз од Њу Џерси, кога раскажал дека неговиот наставник го малтретира. Но, снимката кој тој ја направил со мобилниот телефон е доказ за злоупотребата од страна на наставникот.
На снимката јасно се слушало како детето го моли наставникот да не го нарекува „посебен“.
„Што? О, боже да ти е…. Кој знак стои на вратата на школото? Специјално образование“, извикал наставникот.
Ученикот се бранел со зборовите дека кога ќе излезе од училиштето, нема да може да го нарекува посебен. Наставникот на тоа му испратил закана дека ќе го замолчи, и дека ќе се врати тука и кога ќе наполни 80 години.
Во изјава за медиумите, надлежните од училиштето изјавиле дека ќе покренат истрага. Наставникот пак земал отсуство од училиштето и се уште нема одговорено на полицискиот повик за да се изјасни за инцидентот на работното место.
httpv://www.youtube.com/watch?v=-wl5HUJKejA