УЕФА покрена дисциплинска постапка поради случувањата за време и по завршување на првиот меч од полуфиналето во Лигата на Шампионите меѓу Реал Мадрид и Барселона.
Во соопштението на УЕФА се наведува дека постапка против Реал е покрената поради фрлање предмети на теренот, влез на навивачите на теренот, црвениот картон кој го доби Пепе, како и поради исклучувањето на тренерот Мурињо. Португалецот ќе се најде на тапет на дисциплинските органи и поради изјавите кои ги даваше по мечот, а во кои тврдеше дека УЕФА ја фаворизира Барселона.
На другата страна, постапка против каталонскиот клуб е покрената поради црвениот картон кој го доби резервниот голман Хосе Пинто.
Извор: Спортнет