Скица на познатиот сликар Рембрант од 17 век била украдена од хотел во Калифорнија, па потоа била пронајдена во црква, која била одалечена само 32 километри.
Проценета со вредност од 250,000 долари, скицата наречена „Судот“ била земена од изложба во Ritz-Carlton во Marina del Rey. Сликата била пронајдена подоцна во црква, откако се јавил анонимен човек и ја пријавил. Полицијата се уште не уапсила никого за кражбата.
Ова уметничко дело датира од 1655 година, димензијата е 28 на 15 сантиметри, а позади е ставен потписот на познатиот Рембрант.