Две украдени слики од славниот шпански сликар Пабло Пикасно, кои се вредни повеќе од 2 милиони долари, биле пронајдени во Србија, соопиштил швајцарскиот јавен обвинител Шарл Феслер.
Тој изјавил за швајцарската телевизија СФ дека сликите моментално се наоѓаат на сигурна локација, но несакал да каже каде точно, ни кој ги украл.
Според зборовите на Феслер, Швајцарија и испратила на Србија формално барање слките да бидат вратени.
Сликите „Глава на коњ“ од 1962 година и “Чаша и бокал“ од 1944 година биле украдени во февруари 2008 година од изложбата во градот Фефикон, недалеку од Цирих.
Платната инаку се во сопственост на музејот Шпренгел од Хановер.