Упатство за купување вибратор за почетници :)))

3 ноември, 20110
vibratori

Без разлика на тоа дали планирате да го користите кога сте сами или пак сакате малку да го „зачините“ сексуалниот однос со партнерот, во секој случај поседувањето на вибратор е одлична идеја за секоја жена. Па, како да го одберете совршениот „пријател“???

Откријте што сакате: Сакате вибрирачки, ротирачки, пулсирачки вибратор? Сакате да биде метален или “анатомски”? Како сакате да ја користите вашата нова играчка?  Овие и уште многу други прашања се клучни за избирање на вибратор по „ваша мерка“. Затоа пред да го купите вибраторот направете мало инстражување – што е она што го сакате и што е она што се нуди во продавниците?

Победете го општеството: Купувањето на вибратор треба да биде забавно искуство како што го прикажува Саманта од “Сексот и градот”, а не понижувачки момент. Ако сметате дека ви е потребна поддршката од пријателите, замолете ја вашата најдобра пријателка да дојде со вас. Доколку сметате дека токму вашиот партнер ќе ви помогне при изборот, замолете го него да ве придружува. Нема зошто да се срамите!

Изберете ја вистинската продавница: Изберете продавница која е фокусирана на помагање и подобрување на сексуалниот живот. Тие ќе бидат расположени да ви помогнат да се одлучите за тоа што сакате и што ви е потребно. Отворено разговарајте за своите желби и тие гарантирано ќе го најдат она што вам ви треба.

Купувајте онлајн: Доколку знаете што ви е потребно, но не сте подготвени да влезете во секс шоп, обидете се да го порачете вибраторот преку интернет. Не само што ќе најдете видеа кои ќе ви поогнат при изборот, туку и пакетот ќе го добиете на домашна адреса уредно спакуван и без никакви ознаки кои навестуваат што има внатре.

Не заборавајте лубрикант и батерии: Лубрикантите значително ќе ви ја олеснат работата, а секогаш треба да имате и еден екстра пар батерии, бидејќи не сакате вашата играчка да снема батерии токму во најубавите моменти.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi