Уште една тинејџерка против Берлускони

27 јануари, 20110
460-berlusconi_792155c

Обвинителството во Милано тврди дека друго малолетна девојка била во приватните резиденции на италијанскиот премиер Силвио Берлускони од каде што снимила аудио во повеќе од една прилика, пренесува Си-Ен-Ен. Во документот се идентификува девојката како Ирис Берарди, Бразилка, и вели дека во нејзиниот телефон има аудио записи кои се од домот на Берлускони во Саргегна на 21 ноември 2009 и 13 декември во Милано. Обвинителите тврдат дека италијанскиот премиер платил за секс со танчарката Карима Ел Махроу, која тогаш била 17 години. Берарди била неколку недели пред полнолетност кога била во неговиот дом. Владината веб-страница објави дека Берлускони на 21 ноември 2009 бил во Саудиска Арабија, а наредниот ден во Катар. Но, Берлускони бил во Милано на 13 декември и присуствувал на политички собир. Таа вечер тој ја поминал во болница, откако човек го удри во лицето со реплика на Дуомо катедралата.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi