Усвоена резолуцијата за напредокот на РМ, ЕП бара итно отворање на преговорите за членство

popara7 април, 20111min00
еу

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата за напредокот на Република Македонија на патот кон ЕУ и уште еднаш побара итно отворање на преговорите за членство во Европската унија.
Од вкупно 594 европратеници, кои зедоа учество во гласањето, за резолуцијата гласаа 506, против 44 и 44 беа воздржани.
Во резолуцијата, Европарламентот уште еднаш бара итно отворање на преговорите за членство во ЕУ, со жалење што Советот на ЕУ не ги следел досегашните препораки на Европарламентот и на Европската комисија.
Документот што на 16 март беше одобрен од Комисијата за надворешна политика на ЕП, вчера во рамки на дебатата го бранеше бугарскиот европратеник од групата на социјалистите и демократите Кристиан Вигенин наместо Зоран Талер, кој поради корупциски скандал поднесе оставка од функцијата европарламентарец и известувач за Македонија.
Европратениците за време на расправата изразиле жалење што земјава се уште нема започнато преговори за членство во ЕУ и покрај препораките кои ги даде ЕП и ЕК.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma