Вафли од тиква и цимет

30 септември, 20110
recept

Состојки:

  • 300 гр. сенаменско бело брашно
  • 300 гр. брашно од житарици
  • 200 гр. пченични никулци
  • 1 ќесичка прашок за пециво
  • 1 лажица цимет
  • 5 лажици кафеав шеќер
  • 1 тиква
  • 5 лажици путер
  • 2 јајца
  • 1 лажица екстракт од ванила
  • 1 лажичка рендано морско оревче
  • 300 мл. млеко

Подготовка:

Испечете ја тиквата во рерна, па откако ќе се излади ставете ја во миксер и испасирајте ја додека смесата не стане како пире.

Во посебен сад ставете ги двата вида брашно, пченичните никулци, прашокот за пециво, солта, морското оревче и циметот. Промешајте додека смесата не се соедини.

Во друг посебен сад со миксер изматете го кафеавиот шеќер, пирето од тиква, јајцата, путерот, екстрактот од ванила и половина од млекото. Потоа додадете ја смесата од брашно и изматете полека додавајќи од преостанатото млеко. Матете се додека смесата не стане хомогена.

Од вака приготвената смеса ставете во тостерот за вафли, кои претходно сте го загреале. Печете ги вафлите се додека не поруменат.

Вака приготвените вафли послужете ги во чинија за сервирање со прелив по ваш избор. Ние ви препорачуваме сладолед од ванила и јаворов сируп. Добар апетит!!!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi