Пијте колку сакате и ич да не се секирате! Измислени апчиња кои ќе ве спречат да се испијаните!!!

30 септември, 20110
apce

Дали често ви се случува да претерате со пиењето кога ќе излезете „на една пијачка“? Ако е така, тогаш не грижете се, научниците најдоа начин да го решат и овој проблем.

Во моментов научниците работат на создавање на апче „остани трезен“, кое ќе биде наменето да ги ограничи ефектите кои алкохолот ги има на човечкиот мозок. Во истражувањата направени врз глувци, лекот се покажал како доста ефикасен, односно глувците воопшто не покажувале знаци на пијанство, иако им биле дадени големи количини на алкохол.

Основната цел на овие апчиња е јасна – да спречат да изгледате како пијани будали пред вашите пријатели. Апчињата се направени да дејствуваат врз мозочните клетки кои ги контолираат повеќето мозочни функции.

Освен тоа што ќе ги минимизираат ефектите од пијанството, овие апчиња ќе ви помогнат и да се откажете од пушењето. Е тоа ти се вика одлична „2 in 1“ инвестиција…

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi