Валкани чорапи против комарци

popara13 јули, 20111min00
dirty-socks-on-the-floor

Непријатниот мирис на чорапите може да биде ефикасно средство против комарците и маларијата, која ја носат истите, по кажале резултатите од истражувачката група на неколку научника од Танзанија.

Научниците кои работеле со фондацијата “Бил и Мелинда Гејтс“, дошле до тој резултат така што направиле два прототипа на мирисни замки кои ги привлекуваат и убиваат комарците.

Се работи за стапици во вид на кутии во која биле ставени смрдливи чорапи и некои синтетички предмети кои создаваат непријатен мирис типичен за испотени стапала.

Заклучено е дека тие замки ги привлекуваат комарците бидејќи тие мислат дека станува збор за човечко тело поради миризбата, па се привлечени од истата да касаат и цицаат крв, но всушност биле казнети со смрт со некој инсектицид или биолошки агенс.

Научниците се надеваат дека за две години може да се постават тие замки во одреден број на села во Танзанија и да го испитаат нивното влијание врз глобалното здравје на населението, благодарение на паричните средства која ги дала фондацијата на сопственикот на Мајкрософт и невладина организација од Канада GC (Grand Challenges).

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag