Ванеса Мае во Белград

slobodan11 јануари, 20111min00
Vanessa-Mae-wallpapers-vanessa-mae-4882753-1024-768

Порано позната како “чудо од дете” и сега атрактивна виолинистка позната по своите изведби на класични и уникатни комбинацији на техно музика, Ванеса Мае ќе свири за прв пат во Србија, во Белград на 27 февруари. Џими Хендрикс на виолина, рок ѕвездата на виолината, се само некои од насловите кои ја следат појавата на Ванеса Мае.
Ванеса е роден во Сингапур 27 Октомври 1978 година. Со нејзината мајка се преселила во Лондон, каде што се уште живее. Како “чудо од дете” прв соло концерт на Ванеса Мае бил на само девет години, каде настапувала со симфониски оркестар. Таа веќе на 13 години имаше издадено три албуми со класични композиции, и била позната во Британија, глумејќи во бројни телевизиски емисии. Таа влезе во Гинисовата книга на рекорди како најмлад музичари кои имаат виолински концерти од Бетовен и Чајковски!
Со пубертетот започнува да ги напушта класичните традиционални влијанија за свирење на виолина, и започнува да внесува поп, џез, техно елементи и звуци во своето свирење. Во 1997 соработува и со Џенет Џексон. Во април 2006 година, Ванеса е на листата на најбогатите млади изведувачи со заработка од над 32.000.000 фунти од концерти и продадени 10 милиони албуми низ светот. При изведбите на своите настапи таа свири на два вида на виолина – Guadagnini класичен модел од 1761, и на Зета електричен џез.

Повеќе детали за каде може да ги набавите билетите: www.arenabeograd.com и www. tickets.rs

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma