Вардаровите легенди го прославија јубилејот

28 мај, 20110
Untitled

Вардаровите легенди, кои на 26. мај 1961 година го освоија купот на тогашна СФР Југославија, во одлична атмосфера во скопската меана “Керпич”, го одбележаа јубилејот – 50 години од освојувањето на првиот трофеј.

Скапоцениот пехар на Маршал Тито беше освоен со победата над Вартекс Вараждин со 2-1 со головите на Владо Николовски и Мирко Илиевски.

Дел од таа „златна” генерација на црвено-црните веќе не е меѓу живите, но оние кои можеа дојдоа на малата прослава во организација на ФК Вардар, Андон Дончевски, Благоја Вучидолов, Петар Анѓушев и Тоде Георгиевски во друштво на легендите од помладите генерации, Дарко Панчев, Кочо Димитровски и Мето Спасовски евоцираа спомени на како што беше речено големиот ден на македонскиот фудбал.

Јубилејот го збогатија со своето присуство и новинарите на чело со доајенот на спротското новинарство Ивко Панговски кој од лице место преку радио брановите го пренесуваше овој историски настан.

Во името на ФФМ, „славениците” ги поздрави генералниот секретар на ФФМ, Игор Климпер кој во оваа пригода им подари и пригодни плакети и подароци кои ќе ги потсетуваат на денешниот ден -50 години од првата титула за македонскиот клубски фудбал.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi