Ве изневерува ли? Сексот може да открие!

popara21 јули, 20111min00
ve izneveruva li

Иако луѓе многу добро знаат да лажат и да кријат, има неколку едноставни начини да се открие скриената вистина.

Многу нешта се менуваат ако некој во врсктата почне да изневерува. Не треба да бидеме детективи за да забележиме одредени промени во врската кога се вмешала и трета личност. Се верува дека мажите почесто изневеруваат, но таа теорија е погрешна. И жените изневеруваат дури можеби и почесто од мажите. Истражувањата покажуваат дека единствената разлика меѓу мажите и жените е тоа што жените многу подобро знаат да го скријат неверството. Кои се знаците кои се јавуваат за време на секс и јасно покажуваат дека некој бил неверен?

Отсутност за време на односот

Многу парови доаѓаат до стадиум кога сексот станува помалку важен, особено ако не е постојано полн со страст, љубов и фантазија. Многу често трета личност е одговорна за недостатокот на уживање, бидејќи едниот партнер ги доживавува сите овие нешта надвор од заедничкиот кревет. Освен во случаи на премор и загриженост, избегнувањето на допири, недостаток на комуникација со поглед и отсутност за време на односот се лоши знаци.

Кога мажот игнорира секси изненадувања

Ако вашиот партнер бил возбуден од секое ново нешто на вашето тело а сега е индиферентен или не забележува, ова дефинитивно е причина за непријатни чувства и сомнежи. Секоја жена сака да има беспрекорна фризура на интимните делови ако знае дека ќе добие комплименти од партнерот. Секоја жена сака да се чувствува посакувана и секси, па не ретко жените купуваат заводничка долна облека. Кога партнерот нема ни да трепне на ова и станува имун на сите овие мали изненадувања, нешто дефинитивно не е во ред.

Стилот на интимните делови

Многу мажи сеуште изјавуваат дека сакаат влакната на интимните делови да им останат природни, велејќи дека тие не се жени. Многумина од нив би размислиле за промена на ставот ако од нив тоа го побара навистина страстна жена. Зошто? Затоа што знат што ќе добијат со таа промена. И мажот и жената која го бара тоа знаат дека промената ќе биде наградена. Но проблемот настанува кога маж ќе ја покаже новата интимна фризура на жена која не го барала тоа од него. Објаснувањето е дека изненадувањето е наменето за неа секогаш може да се искористи. Но дали жената ќе падне на таа лага?

Оправдување по оправдување

Неверството може да придонесе парот поретко да има секс. Кога сексот ќе стане само сеќавање кое бледнее, време да проверите што навистина се случува. Можат да постојат многу причини зошто немате односи, па не избрзувајте со носење заклучоци. Може да стане сомнително кога на пример имате и простор и време, а тој наоѓа милион оправдувања, наместо да се предадете на страствен секс.

Кондоми

Што ќе си помислите ако не користите кондоми како контрацепција со вашиот партнер, а наоѓате кондом во неговиот паричник? Ситуацијата сигурно изгледа сомнително и чудно. Секогаш постои можноста да го добил како подарок од пријател, на промоција, но можеби има нешто. Можеби постои друга личност.

Секако работите не се секогаш такви како што изгледаат и нема рецепт за откривање на нештата кои некој сака да останат скриени. Најдобро е да разговарате искрено со вашиот партнер за се што се случува.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag