“Вембли” повторно домаќин на финале од Лигата на Шампионите

17 јуни, 20110
wembley-stadium-10

УЕФА соопшти дека финалето во Лигата на Шампионите 2013. година повторно ќе се одигра на “Вембли” што претставува вистински преседан бидејќи англискиот национален стадион ќе биде домаќин втор пат во три години.

Стадионот во Лондон е избран од неколку причини – прв е фактот дека Фудбалската асоцијација на Англија 2013. година слави 150 години, а вториот е од економска природа, бидејќи според некои пресметки во текот на овогодинешното финале меѓу Барселона и Манчестер Јунајтед е остварен приход од речиси 50 милиони евра. За “Вембли” тоа ќе биде седми пат да ги пречека двете најдобри европски екипи во борбата за трофеј. Освен овогодинешното, финалиња се играа уште 1963, 1968, 1971, 1978. и 1992. година.

УЕФА исто така соопшти дека финалето во Лигата на Европа 2013. година ќе се одигра на “Арената” во Амстердам, а мечот од Суперкупот во Прага на стадионот “Еден”.

Следната година финалето во Лигата на Шампионите на 19. мај ќе се одигра во Минхен, додека финалниот меч од Лигата на Европа е закажан 10 дена порано во Букурешт.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma