Тренерот на Арсенал, Арсен Венгер изјавил дека нема намера да ги продаде фудбалерите Цеск Фабрегас и Џек Вилшеар.
“Зошто би го продале Цеск? Ние ја градиме екипата и играта околу него… Сега во прв план изби Џек Вилшеар. Продолжуваме така да работиме.” – изјавил Венгер.
Арсенал и оваа сезона речиси сигурно ќе остане без освоен трофеј, поради што клубот би можел да го напушти Фабрегас и да се врати во Барселона каде и ја почна кариерата.
Исто така, британските медиуми наведуваат дека за Вилшеар се заинтересирани бројни клубови, меѓу кои и Манчестер Сити, и дека тој би можел да си замине од “Емирати”.
Извор: Спортнет