Јемен: Салех прифати да се повлече од власт

25 април, 20110
m
Јеменскиот претседател, Али Абдулах Салех го прифати предлогот на заливските земји во рок од 30 дена да се повлече и да ја предаде власта на неговиот заменик, во замена за имунет од кривично гонење, јавила денес јемнската државна телевизија.
Претставниците на демонстрантите порачале дека, во принцип се согласуваат со предлогот на Заливскиот совет за соработка, но изразиле резервираност кон одредбата со која на јеменскиот парламент му се остава можноста да ја одбие оставката на претседателот.
Партијата на Салех го има мнозинството во парламентот, потсетува агнецијата “Асошиејтед прес“.
Салех, кој е на власт веќе 32 години, од почетокот на годинава се соочува со барањата на демонстрантите да си замине од власта, а во досегашните судири меѓу приврзаниците на режимот и опозицијата загинале повеќе од 130 луѓе.
Владејачката партија во Јемен, Општ народен конгрес, денеска го прифати планот на заливските земји за заминување одвласт на претседателот Салех.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *