Свечено пуштени во употреба новите трибини на “Филип Втори“

25 април, 20110
е

Целосно реконструираните северна, источна и западна трибина од Арената “Филип Втори“ во Скопје, вечерва свечено беа пуштени во употреба. Покрај изградбата на новите трибини, поставени се нови столчиња и два инфо-дисплеи на западната и источната трибина, како и четири дисплеи на секој од четирите влезови, a реконструирана е и досега постоечката јужна трибина.

Свеченот пуштање во употреба на реконструираната Национална Арена „Филип Втори Македонски“ се случи вечерва во присуство на дел од државно-политичкиот врв и неколку стотина граѓани.

Сега, вкупниот капацитет на нашиот најголем стадион изнесува 32.580 гледачи.

Премиерот Никола Груевски, кој ја прогласи Арената за отворена, потенцираше дека стадионот е доказ дека Македонија знае да гради и знае да победува.

“Националната Арена Филип Втори Македонски е дело кое што не може да биде избришано. Тоа е ваше дело, на сите граѓани на Република Македонија, на оваа генерација на Македонци, на Албанци, на Турци, на Срби, на Роми, на Власи, на Бошњаци и на сите останати. Тоа е ваше дело. Затоа бидете горди и славете го спортот, славете го фудбалот” – рече премиерот на Република Македонија, Никола Груевски, по што следеше спектакуларен огномет.

За реализација на проектот се потрошени две милијарди денари.

Во следната фаза планирана е реконструкција на фудбалскиот терен и атлетската патека.

Првиот натпревар на реконструираниот стадион кој ќе го одигра македонската фудбалска репрезентација ќе биде квалификацискиот меч против Република Ирска на 4. јуни.

Извор: Спортнет

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *