ВИДЕО: Гори Косово а Тадиќ ги “смирува” страстите?!

popara28 јули, 20111min00
75667

Група од околу 40 млади луѓе вчера го нападнале и запалиле граничниот премин Јариње во северно Косово.
Според изјави на српски новинари кои биле на лице место, инцидентот се случил негде околу 19 часот, во нападот учествувале 30-50 маскирани момчиња на кои и било пукано од страна на КФОР. По рафалните истрели од страна на КФОР групата се разбегала. Според извештаите на медиумите во конфликтот немало повредени.
Реагирајќи на неодамнешните немири во северниот дел на Косово, српскиот претседател Борис Тадиќ повика на итно воспоставување на мир, со изјава дека хулиганите кои предизвикуваат насилство, не се тие кои ги бранат граѓаните на Србија.
Нападот бил осуден и од страна на министерот за Косово и Метохија, Горан Богдановиќ, кој изјавил дека состојбата на граничните премини Јариње и Брњак денес е мирна.

“Екстремистичките групи постапија многу лошо, нешто на што не се надевавме. Тоа што се случи е за секаква осуда. Ние не можеме на ваков начин да ги решаваме проблемите”, изјавил Богдановиќ и ги повикал Србите во северно Косово да останат мирни и да не се дозволи екстремистичките групи да направат злодела за кои може и целата нација да страда. ”

Командантот на КФОР Ерхард Билер изјавил дека биле повлечени косовските специјални единици од пунктовите на граничните премини и дека биле поставени обични полициски сили од мешан состав,” Срби и Албанци.
Вчера вечер околу 20 часот на преминот Јариње пристигнале американските сили на КФОР кои со оклопни возила го блокирале патот кон Косовска Митровица.

http://www.youtube.com/watch?feature=player_embedded&v=JhxXpaBcazo

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma