Градоначалникот на Вилнус, главниот град на Литванија, станал страв и трепет за сите возачи кои непрописно ги пракираат своите луксузни автомобили.
Поточно, Артурас Зоукас одлучил да го исфрли својот гнев врз еден луксузен автомобил Мерцедес С-класа, кој бил паркиран на самата велосипедска патека. Градоначалникот од армијата позајмил оклопно борбено возило и едноставно го прегазил автомобилот. Целиот настан бил снимен во корист на промотивни цели, бидејќи се ближат избори во Литванија.
Сопственикот на автомобилот останал збунет гледајќи го своето уништено возило, а откачениот градоначалник му пришол и му ја стиснал раката, потоа земал метла и почнал да го чисти скршеното стакло од улицата.
Зоукас е исто така познат по тоа што на работа секогаш доаѓал со електричен велосипед, и предлагал повеќе граѓани на Вилнус да го следат неговиот пример.
One comment
kate na tate...
3 август, 2011 at 11:18
Bravo popara, sekogas imate taze i dobri informacii, BRAVO!!!