ВИДЕО: Хуго Чавез боледува од рак

popara1 јули, 20111min00
hugo_chavez
Претседателот на Венецуела, Хуго Чавез, боледува од рак, соопштил тој самиот и додал дека во Куба му бил отстранет тумор, објави АП, пренесува Нетпрес.
Синоќа во говор на државната телевизија тој рекол дека се опоравува од операцијата во која му било отстрането ткиво со “малигни ќелии“. Според Чавез, тоа било втора операција. Во првата, на 11 јуни, годинава, му бил отстранет апсцес во карлицата. По првата хируршка интервенција лекарите почнале да се сомневаат на други проблеми, а веста дека има тумор му ја кажал лично Фидел Кастро.
“Анализите го потврдија присуството на туморот со канцерогени ќелии, така да за негово целосно отстранување беше потребна втората операција“, рекол Чавез.
httpv://www.youtube.com/watch?v=uBbVyddWLSU&feature=player_embedded
Претседателот на Венецуела не прецизирал кога била извршена втората операција. Тој рекол дека неговата здравствена состојба “задоволувачки напредува“, и дека е под комплементарна терапија за отстранување на малигни ќелии.
Според новинската агенција “Аошиејтед Прес“, Чавез е видливи ослабен и блед. Тој не кажал точно кој вид на канцер му бил откриен, ниту, пак, соопштил повеќе детали за терапијата која ја прима.
Претседателот на Венецуела во својот говор рекол дека згрешил што не водел повеќе сметка за своето здравје и што не одел редовно на лекарски контроли. Тој не навел уште колку време планира да се опоравува во Куба, а исто така нема податоци ниту кога е снимен неговиот говор.
Говорот на Чавез бил емитуван по се’ погласните шпекулирања за неговото здравје. Владата на Венецуела во средата го откажа дводневниот самит на лидерите на земјите од Латинска Америка, чиј домаќин требаше да биде токму Чавез. Како причина за одложувањето била наведена неговата лоша здравствена состојба. Самитот требал да биде одржан следната недела, по повод одбележувањето на 200-годишнината од прогласувањето на независноста на Венецуела од Шпанија.
Извор: Нетпресс

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag