Се работи за единицата за специјални намени под името NAVY SEALS (Фоки).
Момците кои ќе постанат “фоки” мора да имаат извонреден вид, голема интелегенција и екстремна издржливост. Тие се спремни да издржат многу казни, измачувања и спремни се да престојуваат подолго време во екстремни услови.
Името SEAL го добиле по условите во кое живее тоа животно, а тоа се копно, воздух, вода. Обуката која ја имаат овие единици е многу тешка и само најдобрите остануваат до крај. Тие се спремни 365 дена во годината, само чекаат повик и одма одат во акција во било кој дел во светот. Првиот дел од обуката се вика Basic Underwater Demolition и трае 6 месеци тука регрутите мора непрекинато 120 сати да трчаат, пливаат и др. Потоа имаат уште 12 месеци обука каде се обучувани од најдобрите воени инструктори во светот. Тие што на крајот ќе останат и ќе ја поминат обуката се нарекуваат “тркачки коњи” и тие се најдобри од најдобрите, објаснил за BBC Don Shipley, поранешен специјалец на овие единици.
Нивните мисии се држат во голема тајност, но познато е дека тие делувале во Виетнам, Ирак, Авганистан, Панама и др.