ВИДЕО: Минск, 11 лица загинаа во експлозија во метро

12 април, 20110
a

Во експлозијата во метро која се случи во главниот белоруски град Минск, загинаа 11 лица, а најмалку 50 се повредени.

Според новинската агенција “Бета“ експлозијата одекнала нешто пред 18 часот, во време вообичаено за градскиот метеж, на станицата Октјабраскаја, околу 100 метри од зградата на владата на претседателот Александар Лукашенко.

Белоруските власти се уште не се изјасниле дали станува збор за бомба или експлозија како последица на некој инцидент.

Портпаролот на полицијата потврдил дека по експлозијата предизвикана од “непозната експлозивна направа“ полицијата го кренала степенот на подготвеност.

Претседателот Александар Лукашенко пак, тврди дека смртоносната експлозија е активирана со цел дестабилизација на државата.

Извор: Нетпрес

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi