Овие денови на Youtube се најде снимка од безбедносните камери на еден британски хотел на кои се гледа како чаша пиво, предизвикана од нешто, „скокнала” од масата.
Ова не е првиот необичен настан кој се одиграл во овој хотел, но е првиот кој е забележан на безбедносни камери. До сега гостите и личностите се жалеле на наглите промени на температурата, необјаснивото палење и гасење на светлото, крцкање на врати и фантомски допири, како и предмети кои изненадно паѓаат и се кршат.
Една таква ситуација забележила и сигурносна камера, а на неа се гледа утрински состанок за време на кој во еден момент чаша со пиво „скока” од масата и се крши.
Поради квалитетот на снимката се гледа дека чашата е на самиот раб, но вработените тврдат дека пивото се наоѓало барем на 15 сантиметри од работ на масата.
Ова е само последна од низата теории дека во хотелот има куќен дух, кој ги вознемирува гостите и прави неред. Неговата најнова ѓаволштина можете да ја погледнете овде: