Видео: НЛО Фил, ќе гради пирамида на островот Алкатраз

21 октомври, 20110
misterii

Фил Хил, попознат како НЛО Фил, oдлучил да изгради пирамида на островот Алкатраз која ќе ги снабдува вонземјаните со бесплатна енергија. Тврди дека во проектот му помага американската Влада.

Пирамидата која сака да ја изгради е инспирирана од древната пирамида во Гизи. Иако не тврди дека пирамите ги изградиле самите вонземјани, верува дека се изградени според нивни упатства за да можат самите да се служат со нив.

Вонземјаните за кои Фил зборува, наводно се од друга галаксија, а му поклониле и нацрти за пирамидата. Од нив јасно се гледа дека се работи за простории за складирање и претварање на бесплатна енергија.

Иако пирамидата прво би служила само како пристаниште за посетителите од вселената, долгорочната цел на Фил е да му овозможи бесплатна енергија на целиот свет.

Наводно изградбата веќе е во план, а треба да започне во 2012 година. Сепак, меродавните служби не одговорија на новинарските прашања за новиот проект, но тоа не го спречи Фил да ја најави изградбата на помошна пирамида која би се наоѓала за знакот на Холивуд. Таа наредба ја добил од вонземјаните, „во случај да пирамидата на Алкатраз не се изгради”.

Својата идеја ја објавил и на Youtube, видеото може да го погледнете овде:

http://www.youtube.com/watch?v=8cOcKwKu8FU&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi