Дали некогаш сте помислиле дека некои од најголемите поп-рок хитови на музичката сцена на поранешна Југославија ќе ги слушнете на Полски? Секако дека не, но сега ја имате таа прилика!
Превземањето на песни од некои автори од друга земја и нивното аранжирање со сопствен текст на својот јазик, не е редок случај, но како тоа на крај звучи?
Можеби на вам кои го познавате оригиналот ќе ви изгледа смешно, но токму овие преработки стануваат големи хитови кои публиката ги обожава. Таков случај е забележан во Полска.
Токму тука, некои за нас добро познати хитови, го уживаат статусот хитови само отпеани на Полски јазик.
Yugoton / Yugopolis е проект на кој се препеани некои од најголемите поп-рок југословенски хитови, кои ги изведуваат најпознатите полски автори.
http://www.youtube.com/watch?v=Q9C0xWJTHOE&feature=player_embedded
Авторот на целиот концепт и проект е полскиот музички новинар Grzegorz Brzozowicz, заслужен и за соработката на Горан Бреговиќ и Кеј.
Првиот албум Yugoton е издаден уште во 2001 година, а обработени се песните од Идол (Maljčiki, Retko te viđam s devojkama), Хустор (Moja prva ljubav, Ena), Прљаво казалиште (Crnobijeli svijet), Аеродром (Obična ljubavna pjesma), Бајага (Tišina) и мн други…
Слушнете како тоа звучи!