Видео: Пронајден бродот со кој монголскиот владетел Кублај Кан ја освојувал Јапонија!

popara28 октомври, 20111min00
mongoli_436366S1

Морските археолози пронашле остатоци од брод за кој се верува дека учествувал во неуспешниот обид на многлоската инвазија врз Јапонија во 13 век, која ја наредил големиот војско водец Кублај Кан.

Научницте се надеваат дека ова откритие ќе им помогне во реконструкција на целиот брод и ќе им даде сознанија за тоа како монголците ја користеле морнарицата, една од најголемите светски сили во тоа време.

Монголските флоти, во какви што пловеле и слични вакви бродови, станале познати по своите потонувања. Ги потопиле Камикази, небесни ветрови, пред  да зачекорат на јапонскиот остров и да го  освојат.

Овој легнедарен случај научниците пак го објаснуваат со тајфун кој ги потопил монголските бродови. За неуспехот на инвазијата, некои тврдат дека биновна била и лошата логистика на поморските сили.

Научниците бродот го пронашле недалеку од Нагасаки, сокриен под кал. Во бродот биле пронајдени четри илјади артефакти, од парчиња керамика до топовски ѓулиња.

Монголците два пати се обиделе да ја нападнат Јапонија, првиот обид бил во 1274 година, а тогаш исчезнале 900 брода. Додека вториот напад се случил во 1281 година, две од која една имала 900 брода, а другата 3500, исто така неславно завршил за монголците.

httpv://www.youtube.com/watch?v=_UWfo3Jnv5E

 

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag