ВИДЕО: Шок на стартот: Аргентинците едвај до бод со Боливија

2 јули, 20110
ver-argentina-vs-bolivia-amistoso-sub-20

Иако пред почетокот на Копа Америка најавуваа атак на титулата, фудбалерите на Аргентина ги разочараа домашните навивачи на стартот на јужноамериканскиот шампионат играјќи нерешено 1-1 со Боливија.

Аргентинците не се снајдоа најдобро во првите 45 минути откако во средниот ред Маскерано, Камбијасо и Банега им недостасуваше креативност што го натера Лео Меси се почесто да прииѓа по топката и далеку од голот да ги започне навивачите на “гаучосите”.

Боливија не правеше грешки, а потоа на стартото на второто полувреме следуваше шок. Едивалдо по корнерот одлично реагираше, а тоа не може да се каже и за Банега кој стоеше на првата статива и успеа топката да му пројде низ нозе.

Ромеро се обиде да ја запре топката пред да ја мине линијата, но, безуспешно, Боливија водеше со 1:0. Голманот на Аргентина ја остави екипата во игра во 65. минута кога Марсело Мартинс остана сам очи в очи со него, меѓутоа, не успеа да го заобиколи и да ја погоди мрежата.

“Гаучосите” до израмнување стигнаа во 78. минута по феноменалниот волеј удар на Серхио Агуеро кој нешто порано влезе во игра на местото на непрепознатливиот Лавеци.

До крајот на мечот немаше промени па избраниците на Батиста мораа да се задоволат со бод и со мислите да се насочат кон следниот натпревар со Колумбија.

http://www.youtube.com/watch?v=7Higz9row0k&feature=player_embedded

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi