Областа околу езерото Ири во Охајо е место каде се случуваат мистериозни феномени кои досега никој не успеал да ги објасни.
Преглед на тие мистерии направил Карлос Клементе, познат уфолог кој регистрирал се што се случувало изминатите 10 години во пределот околу езерото.
Иако во последно време кулминирале НЛО видувањата за тоа место, тоа и во минатото било познато како место со паранормални активности и била омилена дестинација за љубителите на НЛО и паранормалното.
За светлината која се појавува над езерото пишувале многу американски медиуми, и многу истраги се спроведени но сепак се уште нема официјални извештаи во врска со таа појава. И претставници од НАСА тврдат дека нема никакви чудни појави во езерото Ири.
Ваквите негирања само ги поттикнале ентузијастите се повеќе да се интересираат за овој феномен и да истражуваат во близина на езерото.
Една од теориите е дека вонземјаните имаат база во близина на езерато, некои теории одат дотаму дека база на НЛО има под самото езеро.
Како изгледаат необичните појави изминативе години можете да погледнете од самото видео:
http://www.youtube.com/watch?v=9jsB4YUujiw&feature=player_embedded