ВИДЕО: Супермен од Русија:) Путин знаел да “норкат”:) Абе Чак Борис де:))

popara11 август, 20111min00
putin

Рускиот премиер Владимир Путин вчера го посетил археолошкиот локалитет Фанагорија во Таманскиот залив на брегот на Црното море, каде се спуштил во нуркачка опрема истражувајќи ги длабочините на морето, успевајќи да пронајде две делумно скршени антички амфори. Во подводната турнеја, Путин бил придружуван од министерот за вонредни ситуации Сергеј Шојгу, и двајцата биле внимателно следени со подводни камери.
Премиерот, како што е посочено од страна на руските медиуми, имал среќа, затоа што минатата година, подводните археолози од Институтот за археологија на Руската академија успеале да најдат само фрагменти од голема амфора која потекнува од 6 до 8 век пред нашата ера.

Градот-држава Фанагорија настанал пред околу 2550 години, и се протегал на површина од околу 65 хектари, од кои околу една третина денес се под вода, поради тоа овој археолошки локалитет го нарекуваат  “Руска Атлантида”.
Путин најавил дека овој археолошки локалитет ќе стане федерален музеј.

Путин во разговор со новинарите изјавил дека ова му е трет обид како нурка, и дека старите амфори ги пронашол на длабочина од два метри.
Рускиот премиер е познат по својот мачо имиџ, покрај нуркањето, тој се испробал во летање со авион, возење на Ф1 болид и др. Путин исто така има и црн појас во Џудо.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag