За сите оние на кои преку глава им се дојдени обичните ѕидни календари, тука е креативниот календар „On This Day“ кој има необичен шарен дизајн, а во исто време е и ризница на занимливости кои се случиле на „денешен ден“, па може да ви послужи и како личен планер.
„On This Day“ календарот е направен од квадрати во разни бои, а секој квадрат е чувствителен на топлина, што значи дека квадратите се затемнети, а кога се протријат со прст, на нив се појавува тоа што е напишано.
Календарот содржи занимливости од целиот свет, сортирани по системот „се случило на денешен ден“. Секој ден можете да научите нешто ново, на пример дека на 3-ти Март 1966 година, ББС први емитирале програма во боја и дека на 15-ти Август 1965 година, Битлси одржале концерт на стадионот во Њујорк пред околу 60.000 фанови.
Покрај сето тоа, има и празни полиња кои можат да ви послужат како потсетник или планер во кој ќе можете да впишувате родендени, работни состаноци, посети, патувања и слично.
Погледнете како функционира овој календар: