Видете ја последната фотографија од Мајкл Џексон, направена неколку моменти пред неговата смрт:(

popara28 септември, 20111min00
mj

Долгоочекуваното судење на докторот на познатиот пејач Мајкл Џексон, кој е обвинет за убиство на кралот на поп музиката, започна со неверојатен шок за сите присутни, откако беше прикажана слика од мртвото тело на пејачот.

Обвинителството прикажало видео од Мајкл Џексон снимено два дена пред неговата смрт. На видеото Мајкл изгледа здраво и енергично. Со оваа снимка и со сликата од мртвиот Мајкл, обвинителството планира да докаже дека станува збор за убиство.

Од друга страна, одбраната тврди дека поп пејачот бил зависен од апчиња и дека неговиот доктор само се обидувал да му помогне да се извлече од канџите на зависноста.

Целото семејство на Мајкл Џексон се појави на судењето, а илјадници подржувачи, но и осудувачи на обвинетиот доктор се собраа пред судницата со плакати и постери од покојниот пејач.

Каков и да биде исходот, се проценува дека ова судење ќе биде едно од најгледаните и најпопуларните судења во историјата на човештвото.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma