Видете ја Венеција, зошто ќе ја нема!

popara23 август, 20111min00
venecija velika 1

Околу 60.000 луѓе секој ден ја посетуваат Венеција. Град со непроценливи културни вредности, но сепак, влагата и морската сол го уништуваат секој-дневно, особено по поплавите. Санација е итно потребна, работа има многу.

Во работилница зад базиликата Свети Марко во Венеција, двајца работници реставрираат мозаици од непроценлива вредност, кои биле оштетени од поплавите. “Ова е поден мозаик. Тој е декорација пред влезот базиликата Свети Марко. Тој е многу стар, потекнува од 12 век”, вели архитект Еторе Вио.
Тој е архитект и одговорен за сите работи на реставрација во базиликата Свети Марко. Тој вели дека секоја година доаѓаат милиони туристи да им се восхитат на делата и мозаиците од злато и скапоцени камења. Но некогашниот симбол на Венеција е пред уривање. “Најголемиот непријател на базиликата е водата. Таа влегува во атриумот и околу 200 пати годишно го потопува мозаикот и камените ѕидови, изјавил Еторе.

Реставраторите секој-дневно се борат со солена вода која ја оштетува базиликата. “Солта прави проблем кога ќе се кристализира, тогаш таа се шири и го напукнува каменот кој се троши, и доколку има мозаик на каменот и тој се распаѓа, изјавил Еторе.
Во работилницата реставраторите скалдираат стотици мали обоени каменчиња од кои се прават мозаици. Секој оштетен камен внимателно се поставува на ткаенина и потоа се доработува. Многу малку оригиналните камења кои се оштетени се заменуваат со копија. Магистар Гвидо изјавил дека за реставрација на еден квадратен метар мозаик е потребна речиси една година за да се среди и да биде како во претходната состојба.

Во триесет години работа Еторе и неговиот тим обновиле многу куполи и капели во базиликата. Тој вели дека нивната најважна задача била криптата под олтарот каде што некогаш почивале остатоците на Свети Марко – заштитникот на Венеција. “Ние внимателно инјектиравме смола во ѕидовите за да ги затвориме сите дупки, преку кој продира вода, така да денес повеќе не поминува вода низ камењата со тоа сме успеале да ги заштитиле и од солта. На овој зафат работевме 10 години, изјавил Еторе.

Во последниве неколку години, поплавите во Италија ги надминале сите рекорди. Во 2010 година, плимата го потопила плоштадот Свети Марко за повеќе од 200 пати. Експертите велат дека оваа година е подобра, но и покрај нивните тврдења, нивото на морето од ден на ден се повеќе се зголемува. Заштитните врати кои треба да ја чуваат Венеција од поплави се уште не се завршени. Но, реставраторите и понатаму внимателно работат, верувајќи дека нивните вештини се доволни за да ја спасат Венеција.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag