Видете како Маите го гледаат судниот ден 21 Декември 2012 година :)

30 септември, 20110
98060

Дрезден- Книгата за судниот ден на Маите, позната како „Дрезденски кодекс“ сега е достапна за сите. Градската библиотека во Дрезден успеа да ја дигитализира целата книга. Најстарата и најквалитетната книга сочувана од Маите од 11 или 12 век има 39 напишани и нацртани листови кои се направени од дрвото на смоква. Вкупната должина им изнесува 3,56 метри.

Во книгата се наоѓаат митови, народни преданија, правила, закони, астрономски табели и нивниот познат календар. Кодексот претставува и клучен документ за дешифрирање на хиероглифите на тој народ. Бидејќи постоел голем интерес за книгата на Маите, работниците во Дрезден решиле истата да ја дигитализираат и да ја стават на располагање.

Маите користеле повеќе календари, но основниот бил Tzolkin, кој се состоел од 260 дена, секој ден може да биде означен со некои од 20 можни знаци, од кои секој од нив има 13 варијации и го појаснува карактерот на тој ден. Долгите временски периоди Маите го мереле со т.н. „долго одбројување“ во кое има 360 дена т.н. (Tun), односно 18 месеци по 20 дена. Дваесет  Tun е Katun, дваесет  Katun е Baktun, a 13 Baktun е “Голем циклус“ кој трае 1.872.000 денови, односно 5200 Tun или околу 5125 години. Големиот циклус започнал на 11 август 3114 п.н.е., а треба да заврши на 21 декември 2012 година.

Според Маите токму на овој ден ќе дојде крај на нашето време и почеток на некое ново, во кое човештвото ќе премине на некое ново ниво на свест. Тој датум е означен како крај на светот кој го познаваме.

Дигиталната верзија на книгата можете да ја погледнете во продолжение:

httpv://www.youtube.com/watch?v=Gmijlivkkk8

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi