Викиликс: Тадиќ бил во затвор

6 септември, 20110
Serbia_Mladic_547148a

Американската амбасадорка во Србија, Марија Ворлик, испратила извештај до Стејт Департментот во кој ја опишува првата средба со српскиот претседател Борис Тадиќ. Најголем впечаток на Ворлик и оставиле зборовите на Тадиќ, за борбата на Србија за демократија, и од ставот дека нема да се откаже од Косово, и дека државата е подготвена за дијалог за подобрување на животот на Србите во КиМ.

Ворлик пренела податок дека претседателот на Србија бил во затвор еден месец.

“Тој укажал на недостатокот на конкретни договори на високо ниво. Тој изјавил дека американската политика кон Балканот, особено кон Косово, има импликации на демократија во Србија.

Потсетувајќи се за својот постојан напор и борба за демократски процеси, и дека еден месец поминал во затвор поради својот активизам. Тадиќ нагласил дека српската влада ќе продолжи со процесот на демократизација на општеството “, напишала Ворлик.

Ворлик напишала дека Тадиќ јасно ставил до знаење дека Србија нема да го промени својот став за КиМ, и додала дека Тадиќ побарал американска помош во решавањето на “големиот проблем на бегалците” од Хрватска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi