Викни го лифтот, со нога
5 јануари, 20110

Една јапонска компанија за производство на лифтови ги направи своите модели да имаат копче на ниво на нога за повик на лифтовите, така што корисниците можат да го притиснат копчето, кога нивните раце се зафатени.
Крајно едноставна, но исклучително практичен пронајдок, се најчестите коментари во јапонскиот печат. Копчето е поставено на 20 сантиметри од подот, и може наскоро да се појави на сите лифтови, не само во Јапонија.