Викторија Бекам повторно се заљубила!
15 јули, 20110
Викторија Бекам постојано зборува за раѓањето на својата прва ќерка, Харпер Севен. Модната дизајнерка на Twitter открива дека е пресреќна за приновата во семејството.
“Малата Харпер е најубавото девојченце што сум го видела, повторно се заљубив”, објавила Викторија Бекам, додавајќи дека целото семејство се чувствува благословено, по раѓањето на девојчето.
“Момците многу ја сакаат нивната помлада сестра”, открива Викторија.
Девијчето се роди на 10 јули, со царски рез во Лос Анџелес, а среќните вести ги објави таткото, Дејвид Бекам.