Винската карта во паб ја бира духот Корки и ги крши вината кои не му се допаѓаат! :)

3 ноември, 20110
wh

Редовните гости кои го посетуваат овој паб веруваат дека Корки е дух на еден гостин кој умрел пред многу години.

Раководителката Ен Тајлер кажала дека секоја ноќ на денот на вештерките духот крши шишиња кои не му се допаѓаат.

Во британскиот паб „ Court Oak“,  наводно „оперира“ духот Корки кој неодамна јасно покажал што мисли за винската карта. Редновните гости веруваат дека Корки е дух на некој гостин кој умрел пред многу години. Шефицата во пабот во Бирмингем изјавила дека духот на секој празник за денот на вештерките крши шишиња од вина кои не му се допаѓаат и така им дава на знаење на луѓето кое вино да го исфрлат од понудата.

„Некои гости сведочеле дека последните неколку години чувствуваат присуство на стар човек. Коркиевото инсистирање за одредени вина е она што го прави посебен. Малку е сноб, па затоа и го нарековме Корки“, изјавила сопственичката на пабот.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *