Откритието на израелските научници ќе им овозможи на пациентите однапред да видат како ќе изгледаат по операцијата. Новиот софтвер кој на кандидатите за пластични операции им овозможува прецизна анатомска тродимензионална слика на нивниот изглед по корективниот зафат, беше развиен од тим на израелски научници, предводени од браќата Алекс и Мајкл Бронстин за институтот Техникон- Израел во Хаифи. Алекс Бронстин го нарекува овој изум “виртуелно огледало“. Системот е дизајниран со помош на медицински податоци и сложени компјутерски моделирања, кој ги зема впредвид староста на пациентот, типот на ткивото и други специфични параметри. Иако моменталната фотографска опрема овозможува човековото тело да се види и претстави само од еден агол, Бронстинови и тимот развиле алгоритими кои можат од 2Д слика да генерираат 3Д приказ.