Вистината за лековите за потенција

12 јуни, 20111
viagra-tex-1

Пејачот Роби Вилијамс неодамна храбро призна дека оди на вбризгување на тестостерон за зголемување на сексуланата желба. Дали правилно постапил?

Иако несомнено помогна на многу мажи со сексуални проблеми да не се чуствуваат осамено во својата невоља, советот за вбризгување на тестостерон не треба да го прифатат здраво за готово.

Инекциите со овој хормон  можат да помогнат само во случај ако некој има природно или со нешто предизвикано ниско ниво на машки полови хормони, додека во некои случаи може да биде крајно штетно.

Понекогаш на недостаток на сексуална желба може да помогне и вијагра која делува спротивно од тестостерон, ги опушта крвните садови и го олеснува протокот на крв  во пенисот, а со самото тоа и ерекцијата.

Меѓутоа, ни вијаграта не е безбеден лек. Делува на околу 70% од случаите со проблеми со ерекцијата и може да помогне во случаите на психички и физички прилини за оваа појава. Таа е соодветна само за оние мажи кои страдаат еректилна дисфункција подолго време, а не за подгравање на страста со партнерката или подобрување “перформанси” меѓу чаршавите.

Овие познати сини пилули се достапни преку интернет, а некои злонамерни луѓе тоа го користат продавајќи супстанција со непознато потекло под името Вијагра. Бидејќи овој лек ја подобрува циркулацијата, лесно е да заклучите дека несмеат да ја користат луѓе со висок крвен притисок, ниту оние кои страдаат од предвремена ејакулација, бидејќи нивните проблеми може да се влошат.

Значи, пред да се одлучите за вештачка употреба на тестостерон или Вијагра, во случај да да имате проблем со ерекција, проверете ги следниве неколку работи:

Каква е вашата врска – дали мислите дека партнерката ви одговара во сексуален поглед? Каков ви е начинот на живот – престанете да пушите, намалете со алкохол, вежбајте и ослободете се од стресот. Обидете се со неколку техники за да си помогнете – со вакви содржини може да ви помогне интернет или консултирајте се со сексолог.

Ако мислите дека ниедна од овие работи не е причина и неможе да ви помогне да го решите вашиот проблем, обавезно посетете лекар за детален преглед. Понекогашеректилната дисфункција е знак на многу сериозни здравствени проблеми.

One comment

  • boro

    13 јуни, 2011 at 12:09

    се согласувам тотално со содржината, за последниот коментар,

    Reply

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *