Вистинската љубов ја лекува болката

popara11 јули, 20111min00
dopiri

Кога ве боли главата не земајте лекови, туку помислете на саканата личност или погледнете ја неговата/нејзината фотографија. Помалку ќе ве боли, тврдат научниците.

Најновите истражувања потврдија дека вистинската, искрена љубов може да помогне во намалување на болката. Испитувањето е спроведено на 17 различни жени кои биле во долгогодишни врски, а резултатите покажале дека тие чувствувале помалку болка додека гледале во фотографијата на саканата личност или додека партнерот ги држел за рака.

Истражувачите користеле магнетна резонанса со цел да го следат мозокот на жените додека нивното тело трпело болка. Жените кои гледале во фотографиите на своите партнери потврдиле дека чувствуваат помалку болка, особено оние кои биле во долги и стабилни врски.

Авторката на оваа студија, Наоми Ајзенберг, објаснува дека доколку одите на болен хируршки зафат, присуството на саканата личност или само гледањето во нејзината фотографија, може да го намали непријатното чувство на болка.

Овие откритија би можеле да помогнат и да се утврди како емоциите делуваат на различни делови од мозокот и како да се справиме со непријатното чувство на болка.

 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma