Владо Јаневски

22 јули, 20110
41778_121688337855512_8843_n

Владо Јаневски (27 ноември 1960 во Скопје) е македонски поп-пејач и композитор. Има издадено 6 студиски албуми со големи хитови како „Ако не те сакам“, „Евергрин“, „Дома си е дома“, „И тогаш некоја будала“, „Некогаш и негде“, „Црно тиквешко“, „Ова е наше Скопје“, „Не зори зоро“, „Еден бакнеж“ итн.

Има завршено Филолошки факултет, отсек Англиски јазик и литература. Членувал во музичките групи Тост сендвич (1979), Бон Тон (1986), Фотомодел (1989), Ластовица (1992). Свири на клавир, гитара и тапани. Има учествувано на многу домашни и странски фестивали и е првиот официјален преставник на Републикa Македонија на Изборот за песна на Евровизија со темата „Не зори зоро“ во Бирмингем, 1998.

Има учествувано и на Југовизија (Белград, 1992) и имал ревијални настапи на Славјански базар (Белорусија, 1994, 1995, 1996), Кавен (Ирска, 1994), Памуккале (Турција, 1994, 1995, 1996), Каиро (Египет, 1998, 1999) и на многу други реномирани фестивали.

Зборува англиски, германски, италијански и руски јазик.

http://www.youtube.com/watch?v=H008yXwmNEY

http://www.youtube.com/watch?v=8uAoRYUP35o

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Eskişehir escort - escort -

Sağlıktan Haber

- Roblox Vega X Exploit