Аргентинската погранична полиција во близина на границата со Боливија запленила еден тон кокаин и уапсила три лица меѓу кои двајца биле полицајци.
Министерката за безбедност Нилда Гаре соопштила дека вредноста на запленетиот кокаин била околу десет милиони долари.
Аргентинските власти претходно заплениле 444 килограми кокаин и оружје на една луксузна јахта, која пловела под американско знаме.
Во Аргентина неодамна биле уапсени и двајца државјани на Колумбија од кои еден бил обвинет за шверц со кокаин во течна состојба, додека другиот САД го обвиниле за шверц на осум тони кокаин пронајден во подморница.
Аргентина се наоѓа на вообичаената траса за шверц со дрога, од Колумбија, Боливија и Перу каде што се произведува, до европските земји во кои, според податоците на Обединетите нации, скоро три отсто од популацијата помеѓу 15 и 65 години конзумира кокаин.
Извор: Нетпрес