Во Боливија веќе официјално е пуштен во продажба сокот од кока. Бидејќи оваа земја го легализираше овој вид на дрога, веќе почнаа да се произведуваат вкусни напитоци од неа. Министерот за рурален развој, Ачаколо Немесија, изјавил: ова е доказ дека ова растение има и позитивни и лековити ефекти. Ова растение кое е основа за производство на кокаинот е илегална супстанца во Обединетите нации од 1961-та година.